ПРОЕКТИРАЊЕ и СТАТИКА
Асеизмичко проектирање (статика) на армирано-бетонски и челични конструкции
Проектирање на семејни објекти | станбено-деловни објекти | хали | хидроцентрали | фотоволтаични системи
Проектирање – инженеринг
Градежно - конструктивни проекти
Услуги во областа на конструкциите, изработка на проектна документација за различни типови на објекти, високоградба, нискоградба, хидроградба, инженерски објекти, ревизија на техничката документација, надзор над изведба и консултантски услуги. Не импровизирајте при изградба на објектите, дури и да станува збор за најмала куќа доверете ја таа задача на искусен градежен инженер кој добро ја познава работата и знае како да изработи квалитетен проект. Со природата нема играње, земјотресите немаат милост и не знаеме кога ќе се случат, затоа побарајте совет и консултации од професионалец во областа.
Решенија
Пријателски професионални услуги
Статичка анализа и сеизмичка пресметка со димензионирање на носечките конструкции во услови на проектни сеизмички сили. Обезбедување на носивост на конструктивниот систем како во експлоатациони, така и во сеизмички услови.
Проектирање
Различни типови на проекти: куќи, згради, индустриски хали, хидроцентрали, фотоволтаични централи.
Надзор над изведба на објекти
Контрола над изведбата на објектот според одобрената проектна документација и одобрението за градба. Контрола на квалитетот и квантитетот на вградените градежни материјали и производи.
Ревизија на проекти
Техничка контрола и проверка на проектот, давање на сугестии и препораки за изработка на квалитетен проект, како основа за изведба на стабилен и функционален конструктивен систем.
Инженеринг и консалтинг
Го опфаќаат целокупниот процес на конструктивното инженерство, од ниво на идеен проект, во тек на изработка на основниот градежно-конструктивен проект, па се до реализација на проектот во форма на надзор и контрола на изградбата
Овластен инженер во Комората на овластени архитекти и овластени инженери
ЛИЦЕНЦИ - ОВЛАСТУВАЊА
ОВЛАСТУВАЊЕ "А"
ПРОЕКТИРАЊЕ
ОВЛАСТУВАЊЕ "А"
НАДЗОР
ОВЛАСТУВАЊЕ "Б"
РЕВИЗИЈА
ОВЛАСТУВАЊЕ "Б"
ПРОЕКТИРАЊЕ
Четири чекори за успех
Ајде да го изодиме секој дел од патот заедно
Мојата цел е да ви дадaм насоки од најраната фаза на вашиот проект – совети за структурно инженерство и заедно да обезбедиме економични и остварливи решенија кои ќе Ви помогнат да останете во рамките на ограничувањата на буџетот.
01
ПОСВЕТЕНОСТ
Јас како градежен инженер со повеќегодишно искуство во изработка на проектна документација, ревизија и надзор при изведбата на фаза Г од проектот, на секој нов проект, на секој нов предизвик пристапувам со максимална посветеност и го пронаоѓам најдоброто можно решение за добивање на квалитетен, економичен и како статички така и сеизмички издржан проект.
02
ПРОФЕСИОНАЛНОСТ
На секој нов проект (објект) пристапувам исклучиво професионално, без разлика на неговата големина и значење. Професионалноста е моја силна карактеристика, моето второ јас.
03
МОТИВИРАНОСТ
Желбата за пронаоѓање на најрационалното и најиздржаното решение во дадена ситуација ме мотивира да секој проект го доведам на едно врвно ниво.
04
НАПОРНА РАБОТА
Максималното посветување и вредното работење при решавање на одреден проблем од конструктивното инженерство резултираат со добар производ и задоволен клиент.
What People Say About Us