Дознајте повеќе информации

За мене

Статичка пресметка - инженер по статика

Градежен инженер-проектант

Магистер по технички науки, дипломиран градежен инженер со 15 години искуство во градежно конструктивни проекти – проектирање, ревизија и надзор. Како градежен инженер со повеќегодишно активно работно искуство во конструктерството, можам да одговорам на вашите прашања, дилеми и нејаснотии за голем број на теми од областа, се она што го засега градежното инженерство.

Во соработка со искусни архитекти можеме од идеја до проект да го изработиме вашиот дом од соништата, а по добивање на градежна дозвола да го следиме целокупниот процес на изградбата во форма на надзор и контрола на квалитетот на изведбата.

01

Посветеност

Јас како градежен инженер со повеќегодишно искуство во изработка на проектна документација, ревизија и надзор при изведбата на фаза Г од проектот, на секој нов проект, на секој нов предизвик пристапувам со максимална посветеност и го пронаоѓам најдоброто можно решение за добивање на квалитетен, економичен и како статички така и сеизмички издржан проект.

02

Професионалност

На секој нов проект (објект) пристапувам исклучиво професионално, без разлика на неговата големина и значење. Професионалноста е моја силна карактеристика, моето второ јас.

03

Мотивираност

Желбата за пронаоѓање на најрационалното и најиздржаното решение во дадена ситуација ме мотивира да секој проект го доведам на едно врвно ниво.

04

Напорна работа

Максималното посветување и вредното работење при решавање на одреден проблем од конструктивното инженерство резултираат со добар производ и задоволен клиент.

„Љубопитноста е моторот на достигнувањата“

Ken Robinson