Извонредни решенија за секој проект
Мојата експертиза - Инженер по статика
Статичка пресметка - носивост на објектот
Целосен опсег на услуги
- Статичка и сеизмичка пресметка на различни типови на конструктивни системи од високоградба и нискоградба: армиранобетонски конструкции, челични конструкции, мали хидроцентрали, водозафатни конструкции, таложници, анкерни блокови, потпорни ѕидови, комори и резервоари, фотонапонски електрични централи….Статичката пресметка обезбедува цврстина и издржливост на објектот. Куќата, зградата или халата мора да бидат отпорни на ветрови и земјотреси и да ги издржат проектираните оптоварувања, во спротивно објектот ќе има последици, ќе се сруши.
- Надзор над изградба на градби од прва и втора категорија за различен тип на објекти, контрола на градежен дневник и градежна книга, следење на изведбата на објектот према проектот. Задачата на градежниот инженер е да го контролира квалитетот и квантитетот на вградените материјали.
- Ревизија на фаза Г од проектната документција за различен тип на објекти
- Консултантски и инженерски услуги во текот на сите фази од проектот: од идеја, проектирање, ревизија, до изведба (реализација на проектот) и надзор.
- Изработка на градежно – конструктивен проект врз база на изработен 3D/2D модел на објектот. Во склоп на градежно-конструктивниот проект влегуваат и графичките прилози за самиот конструктивниот систем: кофражни планови, арматурни планови, работилничка документација, детали на врски, спецификација на вградениот материјал, неопходни за изведба на објектот.